Терапија

Интегративна онкологија

Интегративна онкологија е начин на лекување кој ги комбинира конвенционалните методи, третмани со натурални медикаменти, онко-хипертермија… Интегративната онкологија би можела да се сфати како пракса која го користи најдоброто од сите научно докажани терапии. Крајната цел е пациентот да се чувствува подобро, преку примената на ефикасни, безбедни и помалку токсични терапии кога е тоа можно.

Интегративниот онколошки третман се работи на принцип на индивидуален пристап. На секој пациент му се пристапува поединечно и на основа на анализата направена во R.G.C.C., лабораториите се дефинира терапијата.

 

Дендритична терапија

Човековото тело создава малигни клетки секојдневно. Имуниот систем се бори со нив на тој начин што создава антиген кој ја оневозможува нивната пролактација, односно нивно хранење од крвотокот. Така тие умираат и се исфрлаат од организмот на разни начини. Пренесувачи на антигените се антителата. Тие циркулираат и го пренесуваат антигенот. Кога антителата нема да препознаат некоја од малигните клетки, настанува онколошка болест, односно малигните клетки почнуваат да се множат. За да се унапреди системот на борба во организмот, се внесуваат лабораториски произведени антитела кои се викаат дендритични клетки. Антигенот се произведува во лабораторија, се става на лабораториски произведените антитела и се враќа во организмот. Антителата дополнително се стимулираат масовно да се размножуваат во организмот.

 

Онкохипертермија

Хипертермијата е терапевтска метода во борбата против ракот. Најчесто се применува во комбинација со хемотерапијата, радиотерапијата и други третмани, како што се имунотерапијата, терапијата со дендритични клетки итн.

Неазвисно од останатите методи на лечење, хипертермијата може да биде многу корисна како метода за стимулирање на имуниот систем, со што многу се придонесува во борбата против малигните болести. Хипертермијата е усвоен медицински третман во сите земји на ЕУ, САД и сите медицински развиени земји.

Јонизирачкото зрачење не е вклучено во третманите со хипертермија, што овој третман го прави безбеден за пациентите, медицинскиот и помошниот персонал, како и за животната средина.

Во Европа, третманите со хипертермија се научно прифатени и одобрени од страна на Европското здружение за хипертермиска онкологија (ESHO).

 

http://onco-hyperthermia.gr