Онколошка дијагностика

R.G.C.C. е компанија од Швајцарија која се бави со медицинска генетика, особено со генетика на ракот (хемосензитивност и хеморезистентност). Основна цел е можноста да на пациентите кои се болни од рак и кои бараат најдобри можни индивидуални и интегрирани третмани, им се овозможи пристап до поголем број информации кои можат да бидат корисни при лекувањето.

Тестот се изработува многу едноставно, со изземање на 20-40 мл. периферна крв.

Со анализата се изолираат клетките на ракот, се утврдува типот на ракот и евентуалното постоење на метастази. Исто така, се утврдува и инвазивноста на ракот на основа на бројот на малигни клетки во 1 мл. од крвта.

Она што е особено важно е утврдувањето на што сѐ, постојните малигни клетки од ракот или од метастазите се сензитивни или резистентни. Сензитивноста се испитува на сите познати медикаменти и суплементи.

БИОМЕД ЕИД е застапник на R.G.C.C. лабораторијата за целиот Балкан.